Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Приведени шестмина за безобѕирно управување возило на територија на државата

Лишени од слобода биле шестмина возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лишени од слобода биле шестмина возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без возачка дозвола – од кои двајца малолетници, а еден возел со активна забрана, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Пет управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца се малолетници, а еден возел со активна забрана за управување на патничко возило. По едно лице во Скопје – малолетник, Гостивар – малолетник, Куманово, Кавадарци и Прилеп возеле без возачка дозвола. Додека, едно лице на граничниот премин „Деве Баир“ управувало патничко возило со активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави – соопштија од МВР.

Оттаму апелираа да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.