Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Перински и Димовска договoрија заеднички активности за поддршка на општините, младите и иновациите

Повеќе заеднички активности насочени кон јакнење на капацитетите на општините, поголемо вклучување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе заеднички активности насочени кон јакнење на капацитетите на општините, поголемо вклучување на младите и поттикнување на примената на иновативни решенија во локалниот развој беа договорени на работниот состанок на министерот за локална самоуправа, Златко Перински, со директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Даниела Димовска.

Како што соопштуваат од Министерството за локална самоуправа, како една од првите заеднички активности била договорена реализацијата на програмата „Месеци на практиканство“, која ќе се спроведува во текот на август и септември.

– ИНОВА, во соработка со државните универзитети, ќе го координира вклучувањето на студентите во програмата, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и во рамки на воспоставениот меморандум за соработка со државните универзитети, ќе ја организира и координира нивната практична работа во општините, согласно потребите на општинските администрации – стои во соопштението од МЛС.

Реклама

Целта, како што дополнуваат, е општинската администрација да стане подостапна за младите, а студентите одблиску да се запознаат со нејзиното функционирање и надлежности. Според МЛС, нивното академско знаење, новите идеи и современите пристапи ќе претставуваат дополнителна вредност за општините, со потенцијал да придонесат за унапредување на одделни административни процеси и услуги.

Еден од најзначајните сегменти во рамки на договорената соработка, нагласуваат, е заедничкото креирање на јавни повици кои ќе произлегуваат од реалните потреби на општините.

– Врз основа на конкретните локални предизвици ќе се дефинираат повици за развој на иновативни решенија, при што ИНОВА преку своите грант-програми ќе обезбедува финансиска поддршка за стартапи, иновативни компании и претприемачи кои ќе понудат практични и применливи решенија – појаснуваат оттаму.

Дополнително, двете институции ќе воспостават механизам преку кој Центрите за развој на планските региони ќе станат регионални информативни точки на ИНОВА. Преку оваа мрежа, сите јавни повици, програми и можности што ги нуди ИНОВА ќе бидат достапни и промовирани до граѓаните, младите, претприемачите и компаниите на локално ниво, овозможувајќи поголема достапност до информациите и услугите.