Реклама

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Со изградба на автопатот Прилеп-Битола патувањето до Атина се крати за три часа

Повик до ЕУ: Не смее да се врши притисок врз Скопје без гаранции

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

Македонија

Одложен почетокот на 109. собраниска седница

Пред воопшто да почне 109. собраниска седница на барање на Левица, за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред воопшто да почне 109. собраниска седница на барање на Левица, за еден час се одложи нејзиниот почеток. 

Координаторот на Левица Борислав Крмов побара еден час пауза, поради како што рече, работите што се случуваат со Изборниот законик. 

-Поради сите овие нечесни работи коишто ги прави власта, овие играрии што ги прави власта со Изборниот законик, јас барам пауза од еден час по член 87, став 2, рече Крмов.

Реклама

Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски кој ја води седницата ја одложи седницата, но исто така се заблагодари за конструктивното, како што кажа, учество на Левица во работната група за Изборниот законик. 

-Навистина дадоа голем придонес и се надевам дека ќе продолжат во тој дух. Давам пауза од еден час, рече Милошоски. 

Се очекува, на дневен ред на 109. седница денеска на предлог на пратениците да бидат ставени измените на Изборниот законик. Иако учествуваше во работната група, Левица одби да го потпише предлогот. 

Освен новата 109. седница, денеска во Собранието се закажани и продолженија на четири други седници.