Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Македонија

Ѓорѓиевски: Поддршка од Град Скопје за уредување на просторот околу МАНУ

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски попладнево информираше дека Град Скопје ќе даде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски попладнево информираше дека Град Скопје ќе даде поддршка за уредување на просторот околу седиштето на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Тој на својот Фејсбук профил наведе дека МАНУ е една од најзначајните институции во државата, дом на науката, уметноста и знаењето што, како што рече, ја движат државата напред.

-Заедно со претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Живко Попов, извршивме обиколка на просторот околу седиштето на оваа значајна институција. Како Град Скопје, ќе дадеме поддршка во уредувањето на просторот, со цел овој дел да добие достоинствен, убав и репрезентативен изглед каков што ѝ прилега на институција од вакво национално значење – истакна Ѓорѓиевски.

Реклама

Градоначалникот додаде дека институциите што го чуваат знаењето, идентитетот и културната меморија на државата, заслужуваат почит, грижа и вистинско внимание.