Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

МОН: На двете пријавувања во јуни запишани вкупно 15 705 ученици во средно образование 

На првото и второто пријавување во јуни за упис во средните училишта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На првото и второто пријавување во јуни за упис во средните училишта од учевбната 2026/2027 година вкупно се запишале 15 705 ученици.

Како што соопшти Министерството за образование и наука,  11 171 ученици се запишани  за настава на македонски јазик; 4241 за настава на албански јазик; 279 ученици за настава на турски и 14  ученици за настава на српски јазик.

Според видот на образованието, во двете пријавувања запишани се вкупно: 4653 ученици во гимназиско образование, 10 823 ученици во стручно образование. Во Спортска академија се запишани 229 ученици, а во уметничкото образование, стои во објавата на МОН,  се уште не е завршен процесот на селекција.

Реклама

Второто пријавување беше спроведено на 23 јуни, а доставувањето на потребната документација до училиштата на 24 јуни. Ккао што објави МОН,  во вториот рок во јуни се пријавиле 2927 ученици, од кои: 1457 ученици за настава на македонски јазик; 1369 ученици за настава на албански и 101 ученици за настава на турски јазик и

Како што претходно информираше МОН, на првото пријавување за запишување во средно образование, спроведено со електронско аплицирање од 12 до 15 јуни пријавени беа 15 075, а се запишаа 13 423 ученици (по направена селекција во уметничко образование).

Од нив 9839 ученици за настава на македонски јазик, 3357 за настава на албански, 213 за настава на турски и 14 ученици за настава на српски јазик.