Реклама

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Со изградба на автопатот Прилеп-Битола патувањето до Атина се крати за три часа

Повик до ЕУ: Не смее да се врши притисок врз Скопје без гаранции

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

Македонија

Муцунски: ЕУ патот мора да биде предвидлив и сигурен, да се темели на мерит систем, не на билатерални прашања

Македонија е подготвена да продолжи по европскиот пат, но очекуваме јасни гаранции…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е подготвена да продолжи по европскиот пат, но очекуваме јасни гаранции дека процесот ќе се одвива без нови блокади и со поголема предвидливост, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со литванскиот колега, Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на земјата.

На прашањето како го коментира тоа штоминистерот Будрис изјави дека сега е моментот за проширување и треба да се искористи, Муцунски оцени дека постои широка поддршка од земјите-членки за напредокот на Македонија, но дека се неопходни јасни уверувања за непречено одвивање на евроинтегративниот процес.

– Какви уверувања може да добие нашата држава, или гаранции, дека нема да се соочиме со перманентни блокади од една земја членка. Затоа што тоа што е очигледно и по однос на таканаречениот консензус од 2022 година, има различни толкувања што доаѓаат и од 26-те земји членки, европските институции и една земја членка. Пак ќе повторам, не дека ние како држава имаме отпор, свесни сме, и ние во сите наши изјави, ако мислите не само од мене, туку и од претседателката на државата, од претседателот на Владата, велиме дека ќе учествуваме во овој процес. Посебно по самитот во Тиват се чувствува енергија за придвижување веќе. Нема никаква дилема кај нас. Но ние нема да дозволиме да се реализира тој ризик, ние да ги направиме тие потези, повторно да имаме ваков тип на разговори, ваков тип на прес-конференции, каде што ќе бидеме во ситуација една земја членка да не биде коректна – рече тој.

Реклама

Муцунски посочи дека дијалогот со Бугарија треба да продолжи со поддршка од земјите‑членки и европските институции, со цел да се дојде до решение кое ќе обезбеди предвидлив и сигурен европски пат за земјата, заснован на мерит‑критериуми, а не на билатерални прашања.

– Не сме лековерни. И не сме наивни да мислиме дека одеднаш ќе има од страна на Бугарија, за жал да го кажам, некаква голема промена на позиција која е прилично агресивна и радикална. Затоа треба да го искористиме следниот период да најдеме начин на дипломатско ниво да се намалат тензиите и да продолжиме да разговараме врз основа на вредности, врз основа на принципи, врз основа на потребата политиката на проширување да биде базирана на мерит, а не на субјективни билатерални прашања – рече тој.

Околу дипломатската нота поврзана со семејството на премиерот Христијан Мицкоски, Муцунски рече дека очекува истрагата да се направи, како што рече, „таму каде што најдобро знаат“.

– Истрагата треба да се направи таму каде што најдобро знаат, нека се направи. И мислам дека тука, од официјална гледна точка, ние со Софија ја затворивме темата и очекуваме соодветен одговор од нивна страна. Според мене, не е во духот на добрососедството и пријателството да се каже дека се работи за стара информација. Тоа не е добар пристап кога ја оспоруваме дипломатската комуникација – рече тој.

Во однос на реформската агенда и роковите, министерот изјави дека верува во умешноста и на претседателот на Собранието и на парламентарното мнозинство.

– Очекуваме во овој извештаен период, кој што завршува заклучно со 30 јуни, да бидеме најдобри во регионот и да ја потврдиме нашата посветеност кон реформите и кон европските интеграции. Конкретно за изборниот закон, јас ќе кажам, жалам што опозицијата не учествува во активната реформа. Ќе повторам, и тоа ќе го кажам како и неколкупати наназад. Не може и опозицијата во државата да вели дека е за Европската Унија, ако се во прашање законите и реформите поврзани со Европската Унија да има застој во процесите. Ни треба национален консензус во општеството, и доколку навремено се обезбедеше тој национален консензус, за европските реформи, немаше да бидеме сега во ситуација во последен момент да треба политички да се менаџираат овие состојби, но јас верувам во умешноста и на претседателот на Собранието и на парламентарното мнозинство – рече тој, додавајќи дека очекува повторно да бидеме најдобри во регионот во другите извештаи.

Продлабочувањето на политичките и економските односи, зајакнувањето на евро-атлантската соработка и силната поддршка за европската интеграција на Македонија биле во фокусот на денешната средба меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на земјата.

Како што изјавија на заедничката прес-конференција за медиумите по средбата, двајцата министри констатирале дека билатералните односи се одлични, со потенцијал за понатамошно продлабочување, особено во економската и трговската соработка. Било нагласено дека отворањето македонска амбасада во Вилнус претставува значаен чекор за унапредување на партнерството, а Литванија останува силен поддржувач на евроинтегративниот процес на земјата. Воедно, заеднички било оценето дека актуелните геополитички состојби бараат единство, засилена соработка и јасна ориентација кон европските вредности.