Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Христина Софрониоска предлог на собранската матична комисија за заменик генерален секретар во Собранието 

Собраниската Комисија за избори и именувања ја предложи Христина Софрониоска да биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за избори и именувања ја предложи Христина Софрониоска да биде заменик генерален секретар во Собранието.

Предлог одлуката за именувањањето на Софрониоска на оваа функција беше донесена со 7 гласа „за“, ниту еден против и ниту еден воздржан. 

​Претходно, во образложението за предлогот, Ѓорѓија Сајкоски, претседател на Комисијата, кажа дека таа е дипломиран правник со положен правосуден испит,  вработена во Собранието на позицијата собраниски државен советник за законодавство. 

Реклама

– Во нејзиното работно портфолио може да се види дека работи во делот на следење, проучување и анализирање на законодавниот систем и подготвување писмени материјали за неговото функционирање. Подготвува текстови на законите, декларации, одлуки и други акти што ги донесува Собранието. Изготвува мислење по закони, одлуки и други акти поднесени до Собранието и дава стручни мислења по одредени прашања во текот на седницата на Собранието. Врши работи од областа на нормативно-правни работи за потребите на Собранието. Координатор е на етничкиот комитет на службата во Собранието, учествува во кодексот на етичко однесување, член на работна група за реформи на безбедносните служби на Собранието, член на повеќе работни групи, изготвува предлози на закони, стратегии и методологии – појасни тој. 

Претходно, работно искуство имала во законодавството во Владата, и има над 16 години работен стаж.

На денешната седница беше изгласана и предлог-одлуката за изменување на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Советот за статистика. За член на Советот на статистика на Македонија, на местото на поранешниот градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, се предлага градоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев.

Поддржана беше и предлог-одлуката за изменување на одлуката за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратенички групи на Собранието, за соработка со парламенти на други држави. Се изгласа и предлог-одлука за изменување на одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието.