Реклама

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Со изградба на автопатот Прилеп-Битола патувањето до Атина се крати за три часа

Повик до ЕУ: Не смее да се врши притисок врз Скопје без гаранции

Македонија

Муцунски – Будрис: Продлабочување на соработката и силна поддршка за европската интеграција

Продлабочувањето на политичките и економските односи, зајакнувањето на евро-атлантската соработка и силната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продлабочувањето на политичките и економските односи, зајакнувањето на евро-атлантската соработка и силната поддршка за европската интеграција на Македонија биле во фокусот на денешната средба меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на земјата.

Како што изјавија за медиумите по средбата, двајцата министри констатирале дека билатералните односи се одлични, со потенцијал за понатамошно продлабочување, особено во економската и трговската соработка. Било нагласено дека отворањето македонска амбасада во Вилнус претставува значаен чекор за унапредување на партнерството, а Литванија останува силен поддржувач на евроинтегративниот процес на земјата. Воедно, заеднички било оценето дека актуелните геополитички состојби бараат единство, засилена соработка и јасна ориентација кон европските вредности.

Министерот Муцунски во изјава по средбата истакна дека односите со Литванија се темелат на заеднички вредности и стратегиска ориентација.

Реклама

– Литванија е земја со која споделуваме јасна стратегиска ориентација, силна евро-атлантска припадност и разбирање дека слободата, суверенитетот и безбедноста не се даваат еднаш засекогаш, туку се бранат секојдневно со многу одлуки, принципиелна политика и со силни сојузници. Денешната посета следува по мојата минатогодишна посета на Литванија и по редовните политички консултации, кои се одржуваат меѓу нашите две министерства – рече Муцунски.

Тој оцени дека посетата претставува нов импулс во билатералните односи и нагласи дека се отвораат нови можности за соработка.

– Ја гледам како важен чекор кон продлабочување на политичкиот дијалог на високо ниво и како потврда дека односите на нашите две држави добиваат нова динамика. Со министерот Будрис разговаравме за можностите за поинтензивна политичка, економска и секторска соработка, како и за реализација на конкретни иницијативи во периодот што следува. Во таа насока, отворањето на македонска амбасада во Вилнус претставува значаен чекор напред – изјави министерот.

Муцунски ја потенцира и поддршката од Литванија за европскиот пат на земјата.

– Особено сакам да ја истакнам принципиелната и континуирана поддршка што Литванија ѝ ја дава на нашата држава во процесот на нејзината европска интеграција. За тоа сме искрено благодарни. Недвосмислено сакам да пренесам став дека напредокот на нашиот европски пат не е само исполнување на една долгорочна стратегиска цел. Тоа е прашање што има пошироко безбедносно и геостратегиско значење. Нашето место е во Европската Унија – нагласи тој.

Министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис, во своето обраќање истакна дека постои силна политичка и историска блискост меѓу двете земји и ја повтори поддршката за интеграцијата на државата во ЕУ.

– Навистина ми е драго што сум тука во овој важен момент бидејќи нашите земји можеби изгледаат географски оддалечени една од друга, иако нашата понова историја е многу слична. И двете ја вративме својата независност на почетокот на 90-тите години. Потоа јасно го избравме нашиот стратешки пат кон евро-атлантската интеграција. И двете знаеме што значи да се брани слободата и колку се важни меѓународното право и почитувањето на основните принципи и вредности што ги споделуваме – рече Будрис.

Тој најави дека проширувањето на ЕУ ќе биде еден од приоритетите за време на претстојното литванско претседавање со Советот на ЕУ.

– Како што почнуваме со нашето претседавање со Советот на Европската Унија од 1 јануари 2027 година, проширувањето ќе биде еден од нашите главни приоритети, заедно со надворешната и внатрешната безбедност. Цврсто верувам во силна Европска Унија како геополитички фактор. За да бидеме геополитички фактор, мора да бидеме поголеми, мора да ја вклучиме цела Европа и да ги вклучиме земјите-кандидати, особено оние што предолго чекаат – истакна литванскиот министер.

Будрис ја повтори и поддршката за реформските процеси во земјата.

– Северна Македонија е на вистинскиот пат. Ние силно го поддржуваме тоа и на државно ниво и на личен план. Тоа е важно и ќе продолжиме со таа поддршка. Нашата подготвеност за помош е целосна – порача Будрис.