Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Ален Милковски од Куманово е добитник на стипендијата „Фросина Кулакова“ за 2026 година

Добитник на стипендијата „Фросина Кулакова“ за 2026 година е Ален Милковски од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добитник на стипендијата „Фросина Кулакова“ за 2026 година е Ален Милковски од Куманово. Стипендијата е основана во чест на младата модна дизајнерка Фросина Кулакова, со цел нејзината љубов кон уметноста, креативноста и убавината да продолжи да живее преку поддршка на нови генерации талентирани млади автори, информираат од Фондацијата „Фросина Кулакова“.

-Во творештвото на Ален Милковски, Комисијата препозна искреност, зрелост и длабока чувствителност – вредности што ја надминуваат уметничката форма и зборуваат за човекот зад делото. Неговата работа, која ги опфаќа цртањето, пишувањето и креативното изразување, отвора теми за ранливоста, болката, надежта и човечката сила, потсетувајќи дека уметноста не е само естетика, туку и простор за разбирање, сочувство и промена, се вели во соопштението од Фондацијата.

Посебно значење за Фондацијата има тоа што дел од неговата инспирација произлегува и од приказната на Фросина, преточена во искрена порака за поголема свест, одговорност и грижа за човечкиот живот.

Реклама

Фондацијата му честита на Ален Милковски и му посакува неговиот творечки пат да продолжи со истата искреност, храброст и посветеност. Веруваме дека неговиот уметнички глас ќе продолжи да отвора важни општествени прашања и да инспирира нови генерации.

-Воедно, Фондацијата изразува искрена благодарност до сите кандидати кои аплицираа на овогодинешниот конкурс. Секоја апликација носеше своја приказна, талент и визија, а изборот беше исклучително тежок. Комисијата имаше привилегија да се запознае со млади луѓе чија креативност потврдува дека иднината на македонската уметност има силна, храбра и инспиративна генерација, се вели во соопштението. 

Фондацијата „Фросина Кулакова“, нагласуваат оттаму, останува посветена на својата мисија – да ги поддржува младите таленти и да ја афирмира уметноста како простор каде што се раѓаат надежта, емпатијата и општествената одговорност.