Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Петрушевски: Филипче молчи за дипломатскиот скандал на Бугарија, повторно ги штити оние што ја понижуваат Македонија

Објавувањето на доверлива дипломатска комуникација од страна на Бугарија претставува сериозен преседан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Објавувањето на доверлива дипломатска комуникација од страна на Бугарија претставува сериозен преседан и неодговорен чин кој отвора прашања и за безбедноста на претседателот Христијан Мицкоски и неговото семејство, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата.

Во документот што беше јавно објавен се содржани чувствителни информации, меѓу кои детали за службените возила, лицата кои патувале, локацијата на престојот на семејството на претседателот, како и радиофреквенцијата што ја користело обезбедувањето. И наместо извинување и преземање одговорност од официјална Софија, јавноста доби молк.

Но, уште погласен е молкот на специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче. Човекот кој со месеци ги релативизира бугарските позиции и настапува како нивен најгласен адвокат во Македонија, денес нема ниту еден збор или осуда за овој дипломатски скандал.

Реклама

Филипче повторно покажува дека кога станува збор за потезите на бугарските власти, секогаш избира да молчи. Не реагира ниту кога се негира македонскиот идентитет, јазик и историја, ниту кога со дипломатски преседан се доведува во прашање безбедноста на претседателот на Владата.

Овој случај уште еднаш покажува дека Македонија ќе се соочува со сериозни предизвици и притисоци на европскиот пат. Затоа државата мора да настапува единствено, достоинствено и со јасно поставени национални позиции, а не со политичари кои молчат кога треба да ја бранат државата.

Македонија нема да отстапи пред ваквите притисоци. Напротив, ваквите постапки само ја зацврстуваат определбата државата да ги брани своите национални интереси, достоинствено и со крената глава.