Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството

Медицинската сестра, Стефани Столевска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Медицинската сестра, Стефани Столевска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), во видео обраќање, во рамки на националната кампања за подигнување на свесноста за органодарителство и трансплантација, уште еднаш потсетува на важноста на дарувањето органи, за човечноста, за хуманоста и за секоја добронамерно донесена одлука за спас на пациентите, информираат од Министерството за здравство.

-Како медицинска сестра-анестетичар и дел од тимот за трансплантација на органи најпрво би сакала да изразам огромна благодарност кон семејствата на пациентите коишто се наоѓаат во многу тежок момент за донесување одлука за дарување орган. Во тој момент се наоѓаат во многу тешка ситуација, а истовремено придонесуваат да се продолжи нечиј друг живот. Сакам да упатам апел кон целата популација во нашата држава за што почесто дарување на органите, затоа што сите сме потенцијални пациенти, потенцијални донори и никогаш не знаеме што би било во иднина, истакнува Столевска.

Министерот за здравство, Азир Алиу посочува дека со ова видео ја продолжуваат кампањата „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, за да ја зајакнеме јавната свест, довербата и подготвеноста за разговор на оваа тема.

Реклама

-Последните трансплантации на срце и бубрег уште еднаш нè потсетија дека зад секој спасен живот не стои само медицинска експертиза, туку и една длабоко хумана одлука. Најсилната порака денес доаѓа од докторите, затоа што тие секојдневно ги гледаат и болката на семејствата и надежта на пациентите што чекаат трансплантација, порачува министерот Алиу.