Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Фокус на демократијата, вештачката интелигенција и медиумските стереотипи на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Заштитата на демократијата од нарушувањата предизвикани од вештачката интелигенција, беше една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заштитата на демократијата од нарушувањата предизвикани од вештачката интелигенција, беше една од темите која предизвика големо внимание во текот на сесијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), која се одржува во Стразбур и на која учествува делегација од македонското Собрание во состав Иванка Василевска, во својство на заменик-шеф и членовите Беким Ќоку и Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Во своето обраќање на оваа дебата Василевска, како што соопшти собраниската прес-служба, истакнала дека вештачката интелигенција има потенцијал да ја зајакне демократијата преку подобрување на процесот на донесување одлуки и зголемувањето на учеството на граѓаните, но, таа исто така носи ризици како што се дезинформациите, лагите и мешањето во изборните процеси.

Со цел вештачката интелигенција да биде од корист за општеството, како што посочила Василевска, таа мора да се развива и користи одговорно, транспарентно, праведно и со почитување на човековите права.

Реклама

Василевска нагласила дека Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција е првиот правно-обврзувачки договор кој ја регулира оваа област и информирала дека државата стана потписник на оваа значајна конвенција на 8 мај 2026 година, со што ја демонстрира својата посветеност кон етичкиот развој на вештачката интелигенција.

Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска, во име на партиската група на социјалистите, демократите и зелените, се вклучила во расправата за елиминирањето на родовите стереотипи во медиумите, нагласувајќи дека често во медиумите се даваат поедноставени и погрешни прикази на жените и мажите што ги зајакнуваат традиционалните родови улоги и придонесуваат за нееднаквост. Таа истакнала дека жените често се прикажани како лица кои се грижат за другите, додека мажите се прикажани како силни, успешни лидери.

Според Костадиновска-Стојчевска, овие стереотипи ги обликуваат јавните ставови и можат негативно да влијаат врз самодовербата на децата, изборот на кариера и разбирањето на родовите улоги. Таа заклучила дека елиминирањето на родовите стереотипи во медиумите е од суштинско значење за промовирање на еднаквоста и создавање поинклузивни општества.

Пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку и Бисера Костадиновска-Стојчевска, како што се наведува во соопштението, оствариле повеќе билатерални средби во текот на сесијата, активно учествувале во работата на комисиите и на поткомисијата за Западен Балкан, како и во специјализираните иницијативи на Парламентарното собрание, како Парламентарната алијанса за слободни и фер избори, Комитетот за новиот демократски пакт и други.