Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи и не го осуди дипломатскиот скандал на Бугарија со дипломатската нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски

Филипче молчи и не го осудува преседанот во дипломатијата од страна на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче молчи и не го осудува преседанот во дипломатијата од страна на Бугарија со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Се појави документ со дипломатски материјали и чувствителна содржина, кои засегаат безбедносни аспекти поврзани со државниот врв, а реакција од Филипче и опозицијата изостана. Филипче избра тишина наместо јасна осуда и барање одговорност.

Политичките соработници на Филипче, бугарските власти на чело со Румен Радев, кои ни го негираат македонскиот идентитет, јазик, историја и култура, направија дипломатски преседан со објавување на дипломатска нота, со којашто директно се нарушува безбедноста на семејството на претседателот Мицкоски.

Реклама

Документот за којшто се уште нема извинување од официјална Софија, објавен е на социјалната мрежа фејсбук, во којшто јасно се гледаат детали околу информациите за службените возила, имињата на патниците, местото во кое е сместено семејството на претседателот Мицкоски, како и радиофрекфенцијата на која комуницирало обезбедувањето.

И наместо осуда Филипче и СДСM молчат со што дополнително се отвораат сериозни прашања за нивната политичка доследност и приоритети. Дали Филипче молчи поради блискота со неговите бугарски соработници?

И покрај ваквите постапки кои се дел од поширок политички притисок кон Македонија, државата ќе продолжи со евроинтегративниот пат без разлика на  надворешните притисоци и предизвици.