Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

„Љубојна“ го отвори „Кривопаланечко културно лето 2026“, денес почнува и 40-та Ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“

Со концерт на музичката група „Љубојна“ синоќа во центарот на Крива Паланка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со концерт на музичката група „Љубојна“ синоќа во центарот на Крива Паланка официјално беше отворена програмата на „Кривопаланечко културно лето 2026“. Настапот донесе одлична атмосфера и бројна публика која уживаше во речиси двочасовна програма исполнета со познати македонски музички хитови.

На отворањето се обрати градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој им се заблагодари на музичарите за вечерта исполнета со емоции, музика и песни што ги потсетија присутните на корените и традицијата. Тој истакна дека претстои лето богато со концерти, изложби, претстави и други културни настани.

-Голема благодарност до „Љубојна“ што ни приреди вечер исполнета со емоции, убава музика и стари македонски песни кои нè вратија на спомените, корените и вредностите што ги носиме во себе. Особено ми е драго што плоштадот беше исполнет со насмеани лица, и се чувствуваше доброто расположение на првата вечер од „Кривопаланечкото културно лето”. Токму тоа е убавината на ваквите вечери, кога сите сме заедно и кога нашиот град се радува.Пред нас е лето исполнето со многу настани, концерти, изложби, претстави и убави дружења- рече Митовски.

Реклама

Во текот на вчерашниот ден во просториите на НУЦК Крива Паланка се одржа креативна работилница „Во светот на креативноста“, под менторство на Оливера Станковска. 

Работилницата беше дел од летната културна програма, обедини учесници од различни генерации, кои со изработија етно мотиви на порцелан и традиционални елементи од македонското народно творештво, создавајќи уникатни дела што ги слават културното богатство и уметничкиот дух.

Културната програма продолжува денеска со јубилејната, 40-та Меѓународна ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“, која ќе трае до 3 јули. Во рамки на колонијата, утревечер ќе бидат отворени и две ретроспективни изложби во ЛУ Градски музеј Крива Паланка и НУЦК.