Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

„Венценосци: разговори на брегот“ – книга со сведоштва на светски поетски великани ќе биде промовирана во Струга

Во рамките на програмата на 65-то издание на Струшките вечери на поезијата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на програмата на 65-то издание на Струшките вечери на поезијата, вечер, со почеток во 18:00 часот, во Europe House во Струга ќе биде промовирана книгата „Венценосци: разговори на брегот“ од новинарот, публицист и директор на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, Диме Ратајкоски.

Станува збор за книга која на едно место собира разговори со дел од најзначајните поетски имиња на денешницата, реализирани во рамките на Струшките вечери на поезијата за потребите на Македонската радио-телевизија.

Изданието претставува своевидна хроника на фестивалот низ разговорите со неговите лауреати и гости-поети, но и вреден документ за местото што Струга го има на светската поетска мапа.

Реклама

Во „Венценосци“ се собрани разговори со дел од најзначајните поетски и книжевни гласови на нашето време, лауреатите Монгани Вали Сероте (Јужна Африка), Хосе Емилио Пачеко (Мексико), Ко Ун (Јужна Кореја), Маргарет Атвуд (Канада), Беи Дао (Кина), Чарлс Симиќ (САД) и Адам Загајевски (Полска), како и разговори со истакнатите светски поети: Хасан Зактан (Палестина), Дуо Дуо (Кина), Јусеф Комуњака (САД), Ласе Содерберг (Шведска), Александар Шурбанов (Бугарија), Хабиб Тангур (Алжир) и Душко Новаковиќ (Србија).

Низ овие интервјуа се отвораат теми поврзани со улогата на поезијата во современиот свет, односот меѓу литературата и општеството, прашањата за идентитетот, јазикот, егзилот, меморијата, слободата на творењето и одговорноста на зборот.

Промотор на изданието е уметничкиот директор на фестивалот Мите Стефоски.

Промоцијата е отворена за јавноста, а организаторите ги покануваат сите љубители на литературата и поезијата да присуствуваат на настанот и да бидат дел од разговорот посветен на поетските гласови кои го обележаа современото светско книжевно творештво.