Директорот на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, денеска на прес-конференција ќе го презентира Аналитичкиот извештај за потрошувачката на лекови за периодот 2023–2025 година.
Извештајот дава сеопфатен увид во трендовите на користење на лековите, движењето на трошоците, најкористените терапии и предизвиците во обезбедувањето одржлив и достапен систем на лекови за осигурените лица.
Како што информираат од Фондот, извештајот содржи релевантни податоци и анализи што ја отсликуваат состојбата во фармацевтската потрошувачка во земјата и претставуваат важна основа за идните политики и мерки во здравствениот систем.
