Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Алиу: Во Брисел го потпишавме договорот за учество во EU4Health – европска поддршка за реформите во здравството

Министерот за здравство Азир Алиу и еврокомесарот за здравство Оливер Вархеј, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу и еврокомесарот за здравство Оливер Вархеј, денеска во Брисел потпишаа договор за учество на Македонија во EU4Health, најголемата програма на Европска Унија во областа на здравството.

На свеченото потпишување, како што соопшти Министерството за здравство, министерот Алиу оцени дека пристапувањето кон EU4Health претставува значаен чекор во европската интеграција на македонското здравство и потврда дека реформските процеси во земјата се движат во согласност со европските стандарди и приоритети.

-Со потпишувањето на договорот, нашата држава станува дел од европските напори за зајакнување на здравствените системи, унапредување на јавното здравје, дигитализација на здравствените услуги, подобрување на подготвеноста за здравствени кризи и обезбедување поквалитетна здравствена заштита за граѓаните. Ова не е само пристапување кон една европска програма, туку инвестиција во подобри здравствени услуги, посилни институции и подобри услови за пациентите и здравствените работници. Со EU4Health, нашите реформи добиваат дополнителна европска поддршка, знаење и партнерства- нагласи во своето обраќање министерот Алиу.

Реклама

Тој посочи дека денешното потпишување е важен сигнал дека Македонија не само што ја декларира својата европска определба, туку ја претвора во конкретни политики и конкретни можности за граѓаните.

Учеството во програмата ќе овозможи македонските здравствени институции и експерти да се вклучат во европски мрежи, заеднички проекти и иницијативи насочени кон подобрување на здравствените политики и услуги.