Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

Филипче со месеци испраќа сигнали и пораки во јавноста дека е подготвен на нова национална отстапка, што е уште една потврда дека СДСМ  и Филипче, би направилe се за да дојде на власт. Филипче размислува исто како Заев,  да потпише се што ќе му биде ставено на маса. Токму тие бланко-листови што ги потпишуваа додека […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче со месеци испраќа сигнали и пораки во јавноста дека е подготвен на нова национална отстапка, што е уште една потврда дека СДСМ  и Филипче, би направилe се за да дојде на власт. Филипче размислува исто како Заев,  да потпише се што ќе му биде ставено на маса.

Токму тие бланко-листови што ги потпишуваа додека беа на власт ја доведоа Македонија во позицијата во која се наоѓа денес, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За Филипче не постои ниту една црвена линија, ниту за јазикот, ниту за идентитетот, ниту за кое било друго национално прашање. Со месеци му се додворуваше на Румен Радев, а без двоумење би потпишал и уставни измени со кои Бугарите би биле внесени во Уставот.

Реклама

Иако тој тврди, дека македонскиот идентитет не е загрозен од бугарските ултиматуми, официјалните бугарски ставови се дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја и дека македонските револуционери кои се бореле за независна Македонија биле Бугари. 

Оттука е јасно дека на Филипче не му претставува проблем македонските револуционери да бидат прогласени за Бугари, затоа што очигледно нема ништо заедничко со нивните идеали и се залага за обезличена Македонија.

СДСМ дојде на власт со ветувања за европско здравство и економски просперитет, но ниту едно од тие ветувања не беше исполнето. Наместо тоа, додека беа на власт се луксузираа на грбот на народот.

 Тесниот круг околу СДСМ ги полнеше сопствените џебови, додека државата беше оставена да пропаѓа.

И актуелното раководство на СДСМ и Филипче, ги следат скандали позади нив поврзани со јавни набавки, со купување медиуми, со надворешна политика базирана на тргување со националниот идентитет.

Поради ваквите ставови и политики, СДСМ неколкупати доживеа катастрофален пораз на неколку последователни избори во земјава.

Филипче се бори за туѓи агенди и му се додворува на Радев затоа што нема поддршка од македонскиот народ. Македонските граѓани не се со кратка меморија и добро се сеќаваат како СДСМ, додека беше на власт, се пазареше со националните интереси. Затоа Филипче се обидува да дојде на власт преку прифаќање нова национална отстапка и потпишување нов бланко-лист.