Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

„БитФест“ почна со спектакл и овации за македонскиот мјузикл „Као, какао“

Најновото издание на „БитФест“ почна со спектакл и овации за актерите и музичарите кои синоќа во големата сала на НУ Центар за култура во Битола го изведоа мјузиклот „Као, какао“. Љубовната приказна напишана од Венко Андоновски, инспирарана од музиката на Влатко Стефановски, а во режија на Дејан Пројковски, битолската публика ја награди со долготраен аплауз, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најновото издание на „БитФест“ почна со спектакл и овации за актерите и музичарите кои синоќа во големата сала на НУ Центар за култура во Битола го изведоа мјузиклот „Као, какао“.

Љубовната приказна напишана од Венко Андоновски, инспирарана од музиката на Влатко Стефановски, а во режија на Дејан Пројковски, битолската публика ја награди со долготраен аплауз, заеднички пеејќи ги познатите хитови „Чукни во дрво“, „Мамурни луѓе“, „Калабалак“…и насловната тема на мјузиклот „Као, какао“.

– Со „БитФест“, Битола повторно живее во ритамот на уметноста, музиката и магијата на сцената. Долго време работевме на програмата, со цел на публиката да и понудиме квалитет како што доликува за овој фестивал. Благодарни сме за довербата за организацијата и реализацијата на овој голем проект кој има своја традиција, репутација и препознатливост на културната мапа на Македонија. „БитФест“ е фестивал кој ги обединува сите генерации, со програма креирана за секоја генерација од најмладите до највозрасните, истакна во своето обраќање директорот на КИЦ Битола, Димитар Михајловски.

Реклама

Битолското културно лето за отворено го прогласи градоначалникот Тони Коњановски и рече дека „БитФест“ е најдобра можност да се слави културата, уметноста и традицијата.

-Битола и ова лето ќе пулсира со содржините од богатата програма, а нашите желби се заедно да прославиме уште многу изданија, да ја славиме културата, уметноста, традицијата. Заедно со публиката и уметниците ја негуваме убавината на уметноста, затоа што таа е најголемата вредност што можеме да ѝ ја даруваме на нашата Битола, а секако и на нашата Македонија, истакна Коњановски.

Културните настани на „БитФест“ продолжуваат вечер со третото издание на музичкиот фестивал за деца кој ќе се одржи во Градски парк.