Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Бесплатни курсеви по кошарка за македонски деца во Албанија 

Македонското здружение „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ организира курсеви по кошарка за деца и млади од 6 до 17 години, што се случува за првпат. -Со големо задоволство информираме дека од денеска почна пријавувањето за сите заинтересирани деца. Особено сме горди што можеме да споделиме дека децата од македонската заедница ќе ги посетуваат овие курсеви бесплатно, додека […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското здружение „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ организира курсеви по кошарка за деца и млади од 6 до 17 години, што се случува за првпат.

-Со големо задоволство информираме дека од денеска почна пријавувањето за сите заинтересирани деца. Особено сме горди што можеме да споделиме дека децата од македонската заедница ќе ги посетуваат овие курсеви бесплатно, додека за сите останати деца ќе се применува симболична цена, информираше Елена Симонофски, претседателка на здружението.

Додава дека оваа активност ја преземаат бидејќи здравјето, воспитувањето и развојот на децата се најважната инвестиција за нашата иднина.

Реклама

-Преку спортот, децата не само што ги развиваат своите физички способности, туку учат и важни вредности како дисциплина, почит, соработка и самодоверба. Децата се нашата иднина па наша заложба е да им овозможиме да растат здрави, силни и успешни, нагласи Симонофски.

Посочува дека децата ќе бидат организирани во групи според возраста, тренинзите ќе ги одржуваат посветени тренери, а ќе има и забавни активности.

Симонофски, апелира да се пријават што поголем број деца а за повеќе информации може да ги контактираат во здружението, кое се подготвува за вакви активности и по други спортови.

Во зависност од бројот на децата по место на живеење ќе зависи и тоа каде се ќе има курсеви по кошарка.