Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Собраниските комисии дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија денеска дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање, со што беше направен значаен чекор во процесот на усвојување на едно од најважните реформски законски решенија во областа на правосудството. Голем дел од суштински поднесените амандмани беа прифатени. Предлог-законот претходно беше предмет […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија денеска дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање, со што беше направен значаен чекор во процесот на усвојување на едно од најважните реформски законски решенија во областа на правосудството. Голем дел од суштински поднесените амандмани беа прифатени.

Предлог-законот претходно беше предмет на јавна расправа во која активно учествуваа претставници на правосудниот систем, академската и стручната јавност, како и други засегнати страни. Нивните забелешки и предлози беа земени предвид со цел да се обезбеди современо, квалитетно и функционално законско решение.

Со новиот Закон за парничната постапка се воведуваат суштински реформи насочени кон модернизација на судските постапки, зголемување на ефикасноста на судовите и зајакнување на правната сигурност. Предвидени се решенија кои овозможуваат поефикасно водење на постапките, поголема улога на судот во утврдувањето на фактичката состојба, можност за вештачење и увид по службена должност, како и целосна дигитализација преку електронска достава и одржување расправи по електронски пат.

Реклама

Особено значајни се мерките за забрзување на постапките во споровите од мала вредност, воведувањето поправедни и попропорционални глоби, како и новиот механизам на претставнички тужби за заштита на колективните интереси и права, со што дополнително се унапредува пристапот до правда.

Предложените законски решенија се усогласени со повеќе системски закони и европските стандарди и претставуваат важен придонес кон изградбата на модерен, ефикасен и правно кохерентен правосуден систем.