Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Сиљановска-Давкова на промоција на иницијативата за обновување и одржлив развој на Галичник

Под покровителство на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Галичник беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник, како еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет и традиција. Пред претставници на дипломатскиот кор, меѓународните организации и бизнис-секторот, како и во присуство на градоначалникот на Општина Маврово […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под покровителство на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Галичник беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник, како еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет и традиција.

Пред претставници на дипломатскиот кор, меѓународните организации и бизнис-секторот, како и во присуство на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, преставниците на Месната заедница Галичник преводени од претседателот Огнен Караѓозовски презентираа иницијатива за зачувување, унапредување и ставање во функција на објекти од исклучително историско, културно и општествено значење за Галичник.

Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, иницијативата опфаќа активности за заштита и ревитализација на вила „Доста“, Културниот дом, Административниот објект и Галичка фурна.

Реклама

-Учесниците на настанот, покрај објектите опфатени со иницијативата, посетија и повеќе знаменитости на Галичник, како што се традиционалната галичка куќа „Филиповска“, црквата „Св. Петар и Павле“, каде беше направен осврт на Галичката свадба како една од најпрепознатливите културни манифестации, куќата на Ѓоргија Пулевски и црквата „Света Петка“, се наведува во соопштението. 

Сиљановска-Давкова во обраќањето пред присутните истакнала дека Галичник е многу повеќе од музеј под отворено небо, бидејќи неговото наследство живее во камените куќи, црквите, песните, обичаите и во спомените на генерациите кои постојано му се навраќаат.

-За неа, секој вложен напор во Галичник претставува вложување во заедничкото културно наследство и во иднината на државата. Поздравувајќи ја иницијативата на Месната заедница Галичник, таа повика на пошироко партнерство меѓу државните институции, локалната самоуправа, деловната заедница, иселеништвото и сите поддржувачи на културното наследство за да се обезбеди долгорочна заштита и развој на Галичник. Сиљановска-Давкова порача дека зачувувањето на Галичник не значи само грижа за минатото, туку и создавање инспиративна основа за иднината, покажувајќи дека традицијата и напредокот можат успешно да чекорат заедно, соопшти претседателскиот Кабинет. 

Месната заедница Галичник ѝ додели посебно признание на претседателката Сиљановска-Давкова за покровителството, поддршката и личниот придонес во афирмацијата на Галичник и Галичката свадба, како и за поддршката на иницијативите насочени кон зачувување на културното наследство и развојот на Галичник.