Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Министерот Хоџа и новиот директор на ГИЗ Делфс го потврдија партнерството во животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се сретнал со заменик-амбасадорот на Германија во Македонија, Јан Аксел Вос, досегашниот директор на ГИЗ, Давид Оберхубер, и новиот директор на Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) за Македонија и Косово, Маркус Делфс. Како што соопшти МЖСП, на средбата Хоџа се заблагодарил за континуираната поддршка […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се сретнал со заменик-амбасадорот на Германија во Македонија, Јан Аксел Вос, досегашниот директор на ГИЗ, Давид Оберхубер, и новиот директор на Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) за Македонија и Косово, Маркус Делфс.

Како што соопшти МЖСП, на средбата Хоџа се заблагодарил за континуираната поддршка што ГИЗ ѝ ја обезбедува на Северна Македонија во спроведувањето на реформите и проектите во областа на животната средина.

-Партнерството со германските институции е значаен придонес за заштита на природните ресурси и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните – истакнал министерот Хоџа.

Реклама

На средбата биле разгледани тековните проекти што се реализираат со поддршка на ГИЗ, како и можностите за проширување на соработката во областа на заштитата на животната средина.

-Соработката на одржливото управување со отпад, циркуларната економија, справувањето со климатските промени и унапредувањето на европската агенда, е од суштинско значење за Министерството за животна средина и просторно планирање – стои во соопштението на Министерството. 

Од своја страна, Маркус Делфс ја реафирмирал посветеноста на ГИЗ за поддршка на стратешките приоритети на Министерството и за натамошно зајакнување на соработката во проектите што придонесуваат за одржлив развој и зелена транзиција.

Соговорниците ги оцениле досегашните резултати од соработката како успешни и изразија подготвеност за интензивирање на заедничките активности во наредниот период.