Реклама

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Македонија

Штипско културно лето почнува од 22 јуни

Штипско културно лето (ШКЛ) 2026 го има своето 41. издание со богата и разновидна програма што ќе донесе нови културни доживувања за граѓаните и посетителите. Свеченото отворање ќе биде збогатено со настапот на оперската пејачка Виолета Арсовска, а како што најавија организаторите на денешната прес-конференција, ќе има и настапи на странски уметници. Публиката ќе има […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штипско културно лето (ШКЛ) 2026 го има своето 41. издание со богата и разновидна програма што ќе донесе нови културни доживувања за граѓаните и посетителите. Свеченото отворање ќе биде збогатено со настапот на оперската пејачка Виолета Арсовска, а како што најавија организаторите на денешната прес-конференција, ќе има и настапи на странски уметници. Публиката ќе има можност да ужива во концерти, театар, изложби и различни културни содржини за сите генерации, а влезот за сите настани ќе биде бесплатен.Штип од 22 јуни до 30 јули  повторно ќе биде центар на културата, уметноста и креативноста. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов вели дека Штипско културно лето можеби има највисок буџет до сега и најдобра програма.

-Нешто околу два милиони денари буџет е предвиден за годинешното 41. издание на Штипско културно лето, ќе има доста концерти, театарски претстави, изложби, промоција на книги, сето она кое верувам дека ќе го повлече вниманието на нашите сограѓани. Позначајни концерти што се во рамки на овогодинешното издание на Штипско културно лето би ги издвоил: концертот на Давид Темелков, концертот на Влатко Стефановски и концертот на БИГ бенд – вели Јорданов. 

Видан Лазарев, директор на Дом на млади вели дека покрај главната програма ќе има и дополнителни настани кои ќе се одвиваат во Домот на млади во Штип. Пеце Ристевски, директор на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип додаде дека оваа година на ШКЛ ќе има четири театарски претстави, од кои две премиерно во штипскиот Народен театар.

Реклама

-Ме радува фактот што оваа година ќе имаме четири театарски претстави, од кои што две премиерно ќе бидат одиграни во штипскиот народен театар. Да напомениме дека влезниците се бесплатни, се што треба да направите е да си резервирате карти на време – рече Ристевски, директор на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип.

Кирил Панајотов вработен во општина Штип најави дека освен македонски артисти, на сцена ќе настапат и светски познати имиња.