Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Привремен сообраќаен режим утре од 6 до 12 часот во Претор крај Преспанското Езеро

Општина Ресен известува дека, утре, во терминот од 6 часот наутро до 12 часот напладне, во Претор на брегот на Преспанското Езеро, ќе има привремен сообраќаен режим поради организирање спортски настан, рекреативна трка. Од секторот за односи со јавност нагласуваат дека влезот преку селото Асамати кон Претор ќе биде отворен само за возила за итни […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ресен известува дека, утре, во терминот од 6 часот наутро до 12 часот напладне, во Претор на брегот на Преспанското Езеро, ќе има привремен сообраќаен режим поради организирање спортски настан, рекреативна трка.

Од секторот за односи со јавност нагласуваат дека влезот преку селото Асамати кон Претор ќе биде отворен само за возила за итни случаеви и возила на тимот. Овој привремен режим на сообраќај ќе трае од 6 до 12 часот. 

– За паркирање на возилата ќе се користат посебно обележани локации, кои ќе може да се користат до 8.30 часот, а привремениот режим на сообраќај ќе го регулира сообраќајна полиција, чии насоки треба задолжително да се следат – нагласуваат од Општина Ресен.

Реклама

На трката организирана од Здружението „Преспа хаб Ресен“ ќе учествуваат млади од Преспа и регионот за кои е определена посебна патека – информираат организаторите на спортскиот настан.