Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Петрушевски: Филипче надградена верзија на Заев кој потпиша бел лист хартија со Бугарија, слепо ги прифаќа сите бугарски диктати само за власт

Филипче надградена верзија на Заев кој потпиша бел лист хартија со Бугарија, слепо ги прифаќа сите бугарски диктати само за власт, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од прес-конференција на пратеникот Бране Петрушевски. Додека СДСМ беше на власт, Венко Филипче и Зоран Заев, жедни и лакоми за ден повеќе на власт, прифатија […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче надградена верзија на Заев кој потпиша бел лист хартија со Бугарија, слепо ги прифаќа сите бугарски диктати само за власт, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од прес-конференција на пратеникот Бране Петрушевски.

Додека СДСМ беше на власт, Венко Филипче и Зоран Заев, жедни и лакоми за ден повеќе на власт, прифатија и потпишаа бланко бел лист хартија со Бугарија.

СДСМ, Филипче и Заев ветуваа живот за сите, со богати граѓани, европско здравство и образование, модерна и просперитетна Македонија, а донесоа само криминал, уништување на се што е македонско и создадоа проблем таму каде што немаше.

Реклама

Откако не исполнија ниту едно ветување, мислеа дека ако потпишат се што ќе им се даде, ако коленичат и ги гланцаат чевлите на некој европски бирократ тоа ќе им донесе победа на избори и така ќе останат на власт.

Сега од опозиција Филипче е надградена верзија на тој владејачки СДСМ и слепо прифаќа се што доаѓа од Бугарија, повтоено во надеж дека некој друг, а не граѓаните со глас на избори, ќе го донесат на власт.

Желбата за власт толку го ослепила Филипче, што не гледа ништо пред себе и се спротивставува на државните интереси и согласен е на нови идентитетски отстапки и национални предавства.

За Филипче нема црвени линии за идентитетот, јазикот, културата, историјата, тој би ги дал на Бугарија без око да му трепне, само за власт. Затоа се претвори во пиун на Радев и вели дека македонскиот национален идентитет не е загрозен од бугарските ултиматуми кои пак велат дека историјата ни е заедничка, јазикот дијалект на бугарскиот, а македонските револуционери кои се бореле за автономна и независна Македонија, Бугари.

Филипче, на власт во Македонија не те носат странски држави, туку македонските граѓани со гласање на избори и тие те испраќаат во длабока опозиција на маргините на политичката сцена, каде што и си.

Наместо сојуз со туѓи држави и државници, потребна е коалиција со народот за одбрана и заштита на македонскиот национален идентитет.

Нема пазарење со македонскиот идентитет, СДСМ, Филипче и Заев никогаш повеќе.