Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

За амандманите на предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун ќе бидат побарани консултации од експерти

Претседателката на собраниската Комисија за здравство, Рашела Мизрахи, денеска, на седница на ова работно тело соопшти дека консултации од експертски лица ќе бидат побарани по прашање на сите осум амандмани што се поднесени на предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, во второ читање, со цел тие да не ги […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на собраниската Комисија за здравство, Рашела Мизрахи, денеска, на седница на ова работно тело соопшти дека консултации од експертски лица ќе бидат побарани по прашање на сите осум амандмани што се поднесени на предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, во второ читање, со цел тие да не ги пробијат текстовите на ЕУ-директивите.

– Поднесени се осум амандмани. Поради природата на амандманите и потребата за ефикасност, а не чиста политика, земајќи предвид дека се работи за реформски закон со европско знаменце, ќе побараме консултации од експертски лица по прашање на сите амандмани за тие да не ги пробијат текстовите на ЕУ-директивите со кои се усогласуваме – рече Мизрахи.

Седницата на Комисијата беше прекината, а нејзиното продолжување, како што беше истакнато, дополнително ќе биде закажано. На седницата беа поканети членови и заменик-членови на Комисијата и министерот за здравство, Азир Алиу.