Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Прилози

Нова национална стратегија за борба против корупцијата: 216 милиони денари за поголема транспарентност и отчетност

Македонија против корупцијата – транспарентност, отчетност и праведен и одговорен систем, тоа се целите на Националната стратегија за спречување корупција и акцискиот план кои беа донесени на 34-тата седница на државната комисија. За постигнување на овие цели предвидени се низа мерки и активности како и голема финансиска поддршка која вкупно ќе чини 216 милиони денари, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија против корупцијата – транспарентност, отчетност и праведен и одговорен систем, тоа се целите на Националната стратегија за спречување корупција и акцискиот план кои беа донесени на 34-тата седница на државната комисија. За постигнување на овие цели предвидени се низа мерки и активности како и голема финансиска поддршка која вкупно ќе чини 216 милиони денари, а опфатени се повеќе области:

„Националната стратегија 2026 – 2030 ќе биде ориентирана кон визијата на ДКСК и базирана на анализа на ризици и нивна класификација по хоризонтални области и сектори кои ќе бидат опфатени и тоа хоризонтални области: јавни набавки и надзор на спроведување на законите и сектори односно пет сектори: правосудство, здравство, транспорт и инфраструктурни проекти, урбанистичко планирање, просторно планирање и градежништво, животна средина, енергетика и природни ресурси“, изјави Адем Чучуљ, претседател на Државна комисија за спречување на корупцијата

За изработката на националната стратегија беа консултирани низа странски експерти а процесот траеше повеќе од година.

Реклама

„ДКСК доби експертска поддршка од ЕУ ИПА 2020 проектот за владеење на правото компонента 3, борба против корупцијата, проектот заедници со интегритет, финансиран од владите на Швајцарија и Шведска имплементиран од НДИ, мисијата на ОБСЕ во Скопје и регионалната школа за јавна администрација РеСПА“

Со оваа стратегија Македонија јасно го трасира патот кон Европската Унија бидејќи во последниот извештај повторно европските челници ги нотираа веќе стандардните забелешки за Македонија – владеење на правото, независност на судството и клучното, борбата против корупцијата.

Бојан Таневски