Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Ковачки: Владата работи на економски развој, правда и европска иднина

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на гостувањето на една од националните радиа, порача дека Македонија денес е побезбедна и економски постабилна држава сега, отколку пред две години. Тој се осврна на економските показатели, борбата против криминалот и корупцијата, евроинтегративниот процес и дипломатските активности на Владата, оценувајќи дека актуелната власт постигнува резултати во повеќе клучни […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на гостувањето на една од националните радиа, порача дека Македонија денес е побезбедна и економски постабилна држава сега, отколку пред две години. Тој се осврна на економските показатели, борбата против криминалот и корупцијата, евроинтегративниот процес и дипломатските активности на Владата, оценувајќи дека актуелната власт постигнува резултати во повеќе клучни области, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

,,Македонија е посигурна откако ја преземавме власта, Македонија која што е економски поразвиена од пред две години, Македонија која што има раст од над 3% во последните 7 квартали. Нешто што споредбено со  СДСМ и ДУИ  беше 1,1% тоа годишно, во период од 7 години по ред“, рече Ковачки.

Тој истакна дека голем број лица, меѓу кои и припадници на судската и обвинителската фела, биле изведени пред лицето на правдата. Според него, тоа е доказ дека власта презема сериозни чекори во борбата против криминалот и корупцијата во земјата, нешто што, како што тврди, не било случај во минатото.

Реклама

,,Гледаме спроведување на лица кои што се од високата фела, тука пред се мислам и на судската фела, на јавнообвинителската фела, на поранешни лица од извршната власт итн. Нешто што беше мисловна именка“, кажа Ковачки.

Според него, претходната власт ја заглавила Македонија на евроинтегративниот пат, а наместо да придонесе кон надминување на проблемите што ги оставила зад себе, секојдневно се обидува дополнително да ја усложни ситуацијата. Тој додаде дека опозицијата не остава простор за конструктивен пристап и не дава поддршка во изнаоѓањето решенија за, како што рече, крупниот проблем што самата го создала додека била власт.

,,Многу е неодговорно да оставите еден таков сериозен проблем. Луѓе кои за свои лични привилегии би жртвувале се, не гледајќи ја големата слика, не создавајќи простор и можност за да се остави простор Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ,  да го реши овој проблем,да најде решение кое што нема да задира во македонскиот идентитет, решение кое што ќе ја приближи македонија кон ЕУ, нешто за што ние се залагме од самиот почеток на формирањето на нашата партија“, вели тој.

Тој истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води засилена дипломатска активност со лидерите на европските држави, како и со претставниците на Европската Унија.

,,Имаме една дипломатскa активност, која што јас верувам дека би требало да вроди со плод, на партиско ниво исто така сме активни, учествуваме на сите конференции, семинари итн, на ЕПП, каде што ги презентираме нашите ставови“, посочи Ковачки.

Тој додаде дека најважно е македонските позиции да бидат јасно претставени пред меѓународната јавност:  ,,Најважно од се е да се кажува и да се говори македонската вистина“.