Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Мицкоски: Министри Албанци за правда, не сакаа да го решат прашањето со правосудниот испит, се работи на одржливо решение

Министри за правда Албанци од минатите влади не сакаа да го решат прашањето за правосудниот испит, додека оваа Влада работи на одржливо решение за овој проблем биде надминат, истакна премиерот Христијан Мицкоски во интервју во дневник на една од телевизиите во Македонија. -Од прв ден сум го кажал тоа и стојам позади тоа дека ако […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министри за правда Албанци од минатите влади не сакаа да го решат прашањето за правосудниот испит, додека оваа Влада работи на одржливо решение за овој проблем биде надминат, истакна премиерот Христијан Мицкоски во интервју во дневник на една од телевизиите во Македонија.

-Од прв ден сум го кажал тоа и стојам позади тоа дека ако државата дозволила да се формира високо образование на јазик различен од македонскиот, во случајов во Македонија имаме такви примери со албанскиот, турскиот и англискиот јазик и ако државата овозможила тоа да се прави, јас не гледам никаква причина теоретскиот дел од полагањето на правосудниот испит да не се врши на еден од тие јазици кој е различен од македонскиот јазик, бидејќи вие сте дозволиле да се формира високото образование на тој јазик – потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот воедно посочи дека став на Венецијанската комисија е дека мора да имаме лингва франкa, односно еден јазик во рамките на правосудството во Македонија и едното со другото во случајов не се косат.

Реклама

-Од друга страна треба да кажеме исто така дека статистиката е немилосрдна и речиси 95 отсто од кандидатите Албанци кои го полагале правосудниот испит досега и теоретски и практичниот дел на македонски јазик го поминале, што значи апсолутно не станува збор за дискриминација – додаде премиерот Мицкоски.

Нагласи дека моменталниот закон ваков каков што е не го уредува полагањето, туку остава право на министерот за правда со одреден друг правен акт да го регулира полагањето на правосудниот испит, затоа, додаде, оваа Влада бара решение, за разлика од претходните влади каде и министри Албанци не го решавале проблемот.

-Изминатите години повеќе министри Албанци од редовите на ДУИ не сакале, а оваа Влада има желба и работи на тоа да најде начин како овој предмет, односно овој проблем да биде надминат, а министерот Филков е дел од оваа Влада која бара решение, за разлика од претходните влади во кои министри Албанци, за правда не сакале да го решат – рече Мицкоски.