Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Горивата поскапуваат од половина до два денари

Горивата од полноќ поскапуваат од половина до два денари. Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи бензините да поскапат од 1,5 до 2 денари за литар, а дизелот за половина денар. Поевтинуваат екстра-лесното масло за домаќинство и „мазутот“.  Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува за 1,50 ден./литар и тој од полноќ ќе се продава […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Горивата од полноќ поскапуваат од половина до два денари. Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи бензините да поскапат од 1,5 до 2 денари за литар, а дизелот за половина денар. Поевтинуваат екстра-лесното масло за домаќинство и „мазутот“. 

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува за 1,50 ден./литар и тој од полноќ ќе се продава по цена од 87,50 ден./литар, а „евросупер БС-98“ поскапува за два денари и новата цена ќе биде 90 ден./литар. Дизелот поскапува за половина денар и ќе се продава по цена од 87,50 ден./литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство се намалува за 2,50 ден./литар, со што новата цена ќе биде 86,50 ден./литар.

Реклама

Се намалува и малопродажната цена на „мазутот“ за 1,074 ден./кг, кој сега ќе се продава по цена од 46,223 ден./кг.