Албин Курти победи на парламентарните избори во Косово. Неговата партија Самоопределување освои скоро половина од гласовите, но сепак не доволно за мнозинство и самостојно формирање на Влада . За ова, Курти ќе мора да коалицира со другите партии.
„Во наредните недели ќе се сретнеме, ќе соработуваме со сите партии затоа што пред сè е, јавниот интерес, волјата и суверената Република на која ѝ служиме со посветеност. Сметајте на нас не само во работата што ја работиме, туку и во соработката што ја правиме“, изјави Курти
Во победничкиот говор Курти упати критики и кон опозицијата.

„Она што му недостига на Косово не е влада, ниту претседател, туку Собранието. Опозицискиот блок не оди на работа. А ние сме заинтересирани и опозицискиот блок да оди на работа. Се надеваме дека тоа ќе се случи во новиот, 11-ти пратенички состав.“
Овие избори доаѓаат откако поранешната претседателка Вјоса Османи го распушти парламентот и одреди вонредни парламентарни избори доцна лани. Додека пак во српскиот блок, партијата Српска Листа ги освои сите 10 мандати загарантирани на српската заедница, а обвинуваат дека имало обид за кражба на еден мандат и се заблагодарија за поддршката и покрај тоа што, како што велат тие, трпеле разни притисоци како апсење и малтретирање.
Бојан Таневски
