Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Прилози

97 издание на Оскарите – филмот „Анора“ триумфираше со пет награди

Пет златни статуетки за „Анора“ – романтичната драма во режија на Шон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пет златни статуетки за „Анора“ – романтичната драма во режија на Шон Бејкер е големиот победник добивајќи пет награди на 97-то доделување на Оскарите. Признанието за најдобра актерка падна во рацете на Мајки Медисон – главниот лик во филмот, а останатите четири награди „Анора“ ги доби за најдобар филм, најдобра режија, најдобра монтажа и најдобро оригинално сценарио.

„Исто така, сакам повторно да ја препознаам и поддржам заедницата на сексуланите работнички. Ќе продолжам да ги поддржувам и да им бидам сојузник. На сите неверојатни луѓе, жените кои имав привилегија да ги запознаам од таа заедница беше еден од главните моменти од цело ова неверојатно искуство“ вели Мајки Медисон, актерка

„Гледањето филм во театар со публика е искуство. Можеме да се смееме заедно, да плачеме заедно, да врескаме и да се бориме заедно, можеби заедно да седиме во опустошена тишина. И во време во кое светот може да се чувствува многу поделен, ова е поважно од било кога. Тоа е заедничко искуство, едноставно не добивате дом“ вели Шон Бејкер, режисер

Реклама

Филмот „Бруталист“ вечерта ја заврши со три награди, Адриен Броди го доби едниот оскар за најдобар актер. Во меѓувреме, бакнежот од 2003 година на Броди и актерката Хали Бери се повтори на црвениот тепих.

„И без разлика каде сте во кариерата, не што и да сте постигнале, сето тоа може да исчезне. И мислам дека она што ја прави оваа ноќ најпосебна е свеста за тоа и благодарноста што сè уште треба да ја работам работата што ја сакам“ вели Адриен Броди, актер

Во театарот „Долби“, шоуто започна со пакет филмски клипови кои му оддадоа почит на Лос Анџелес поради пожарите кои беа пред неколку месеци. На церемонијата следеше и настап на светските ѕвезди Аријана Гранде и Синтија Ериво. Гламурот како и секогаш не беше изоставен од „црвениот тепих“.

Давид Крстевски