Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Димитриевски најави кривична пријава против Директорката на ДЗСИ – Бухова

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, се заканува со кривична пријава против Директорката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, се заканува со кривична пријава против Директорката на државниот здравствен инспекторат, Ирина Бухова. Ваквата најава доаѓа откако таа денеска на прес конференција рече дека Димитриевски ги прекршил протоколите откако излегол од дома и се тестирал повеќе пати. Го предупреди кумановскиот градоначалник дека никој не треба да биде привилегиран.

Што би се случило кога сите 994 лица, кои се позитивни на Ковид 19, со лесна клиничка слика, а се со решение од ДСЗИ изолирани дома, на која опасност би биле изложени сите ние и вие, кога 994 луѓе само иницијативно би излегле и би тргнале по патека надвор од алгоритамот и протоколот? – праша Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Иринка Сотирова – Бухова

Димитриевски останува на ставот дека нема основ за кривично дело во неговиот случај , туку дека се работи за монтажа и сценарио. И порача на Бухова дека таа ќе одговора.

Реклама

Инспекторатот треба да го достави извештајот бидејќи не е таен документ, а директорката на инспекторатот да даде објаснување како и со кое право, објавува лични податоци а притоа и неосновано прибавува, лични резултати на физички лица, од делот на здравствената заштита и со тоа директно го крши законот. Ќе бидат спроведени соодветни законски постапки против неа по тој основ. Министерот за здравство е потребно да провери дали директорката постапува согласно законот за здравствена заштита, во однос на протоколите, доколку постојат а се почитувани, треба истите да се наведат и во решенијата кои се доставувани до граѓаните. Но повеќе од јасна е целта на директорката и на сите оние кои во овој момент и даваат поддршка на нејзе и на ваквите дејствија. Го чекам извештајот, ако не сака да ми го достави на мене, да го достави на увид на јавноста, па јавноста нека суди. – вели Максим Димитриевски – Градоначалник на Куманово

Тој повтори дека ги почитувал безбедносните протоколи, се јавил на 192 па во консултација со матичен лекар и епидемиолог излегол од дома, и бил транспотиран со возило на брза помош со соодветна заштитна опрема.

На прашањето кој води хајка против него,  Димитриевски не сакаше да посочи конкретни имиња, само кусо одговори времето ќе покаже.

Дејан Трендов