Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

Експертската јавност бара одговори зошто ХЕЦ Чебрен ќе чини двојно поскапо од проценките

2 и пол пати повисока цена за Чебрен отколку што е предвидено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

2 и пол пати повисока цена за Чебрен отколку што е предвидено во стратегијата за енергетски развој на Македонија . Експертската јавност бара одговор , зошто изградбата на најважниот енергетски проект во Македонија достигна цена која е повисока  за околу половина милијарда од онаа што е  проценета во стратегијата која ја изработува МАНУ за потребите на ЕСМ .  Професор Ристо Цицонков , забележува дека  инвестицијата вреди двојно повеќе , за помала моќност од онаа што е предвидена во стратегијата

Моќноста на Чебрен ќе биде 458 мегавати и дека вредноста 550 милиони евра . Оваа информација се спомнува капацитет од 333 мегавати најмалку но веројатно е тоа номинален капацитет и цена од милијарда евра , сега ако ја земете стратегија и оваа информација , излегува дека 330 мегавати, според цената во стратегијата оваа хидроелектрана ќе чини 400 милиони евра . Наместо милијарда треба да чини 400 милиони евра . Би сакал да знам не само јас туку сите зошто е тоа така, Владата да даде објаснување , вели проф Цицонков.

Реклама

Но објаснување од Владата нема. Алфа го праша Министерот за економија, зошто цената е два пати поголема , како ќе се користи произведената струја, но Бектеши не даде конкретен одговор, туку убедува дека Македонија имала механизам како може да ја задржи електричната енергија која ни е потребна дома .

Секој енергетски капацитет кој е во територијата на Македонија има механизми државата посебно со измените на законот за енергетика  да направи одредени обврски за одредена количина на струја да остане во државата , согласно потребите и потрошувачката согласно  летоска и зимоска . Најважно од се за вакви крупни проекти е да бидат внатре во територијата на Македонија , и ние тоа го правиме почнувајќи од обновливите извори и сега со Чебрен, одговори Бектеши.

Експерстаката јавност е согласна дека Чебрен е потребен, но бараат процесот да биде транспаремнтен. За нив е неразбирливо зошто мега енергетскиот капацитет не го градиме самите, туку се бара стратешки партнер кој ќе го добие колачот и  кој веројатно целосно ќе ја менаџира продажбата на произведената струја.

Има многу бенефети за ХЕЦ Чебрен и треба да се гради и тоа сигурно , но малку на потранспарентен начин , кои се се технички карактеристики, финансиски итн . Мора да се знае милијарда е голема сума . Дали предвидената електрична енергија ќе оди на отворен пазар или ќе оди директно во ЕСМ или МЕПСО, дали Македонија ќе ја купува на отворен пазар или не . Друга работа е што во поранешните стратегии се даваше Хидроцентралата Тиквеш ќе се даде бесплатно на концесионерот, додава Цицонков .

Има многу нејаснотии, колку од тоа е ќе биде партнерството во проценти , на колку години, 30 , 40 , 50 години ? Дали хидроцентралите од ХЕЦ Тиквеш ќе се дадат како „бакшиш “ на концесионерот ? – Изјави Константин Димитров од МАЦЕФ

По 13 пропаднати тендери , по повеќе од 30 години Владата донесе одлука за  доделување на концесија за изградба на ХЦ Чебрен на грчката компанија ППЦ-Архиродон . Откако ќе заврши проектирањето и собирањето на документацијата, предвидено е да се почне со градбата , а рокот е 7 години

Кристина Алексиеска