Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

7 жртви и 580 сообраќајни несреќи во последните две години на автопатот Кичево-Охрид

Седум жртви и 580 собраќајки се случиле во изминатите две години на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седум жртви и 580 собраќајки се случиле во изминатите две години на подрачјето на Охрид,дел од нив на автопатот Кичево-Охрид кој поради големиот број незгоди, јавноста го нарекува автопат на трагедии. На 57-те километри од автопатската делница која требаше да биде готова во 2018-та, сега се работи интензивно,а полицијата ги засилува контролите.

 “Полициските службеници интензивно треба да бидат на сите оние патни правци каде што се регистрирани најголем број на собраќајни незгоди, тука пред се мислам на автопатот во изградба Охрид-Кичево.Согледувајќи ја оваа ситуација од почетокот на годинава аполициските службеници на овој патен потег но и на другите фреквенти сообраќајници ги интензивираа сообраќајните контроли”-вели Стефан Димоски-портпарол на СВР Охрид

Се прават напори автопатот да биде готов што е можно најбрзо,за да не се зголеми и цената за целосна изградба на делницата.Факт е дека наследивме искучително лош проект,истакна министерот за транспорт и врски Николоски откривајќи со што се’ се соочиле.

Реклама

“Првата работа со која што лани се соочивме дека година и нешто не се асфалиташе воопшто,ги променивме законот, сите гледате дека се работи.Втората работа како е пректирано е проектирано, постојниот проект поминува низ градби од А категорија, поминува во заштитено подрачје на аеродромот, поминува преку бензиски пумпи, поминува преку болници и преку хотели, тоа се објекти кои не можете да ги експропиирате.Експропријација се прави до куќи и за тоа најдовме решение” –вели  Александар Николоски-министер за транспорт и врски

Проблемот со 11-те свлечиштата ќе се решава со помош на странски експерти.

 “Јас поканив експерти од странство и не ми срам да го кажам тоа, затоа што да знаеле домашните да ја завршат работата, ќе ја завршеле”-вели Николоски

Четириесет километри од автопатот Кичево-Охрид кој се гради цели 11 години,ќе биде пуштен во употреба пред почетокот на летната сезона,а до крајот на идната година ќе биде целосно функционален од  автопат од 57 километри.

Росица Голабоска