Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

Германските компании сакаат да инвестираат, но ги плаши корупцијата, правната несигурност и лошата администрација

Корупција, правна несигурност, неефикасна јавна администрација, незадоволство од анткорупциски процеси и процедури…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Корупција, правна несигурност, неефикасна јавна администрација, незадоволство од анткорупциски процеси и процедури –критики од германските инвеститори во Македонија кои сакаат да инвестираат, но стравуваат од сериозни ризици во државата.

Истражувањето на делегацијата на германското стопанство во Македонија покажа дека деловната состојба е задоволителна, но општата економска состојба во државата не е позитивна. Или конкретно, дури 47 отсто од компаниите очекуваат влошување на состојбата во споредба со лани.

„Се уште незадоволни од справувањето со корупцијата и правната сигурност. 71% од испитаниците сметаат дека еден од ризиците е зголемената цена на енергенсите, но и правната сигурност, политичките рамковни услови кои се дадени со 40% ризик.“ кажа Антје Ванделт, директор на делегација на германско стопанство

Реклама

Освен традиционалните проблеми кои се дел од секоја анкета на оваа моќна економска групација, за компаниите е проблем и енергетиката. Дури 70% од членките на комората ги сметаат цените на енергенсите за еден од најголемите ризици. Речиси идентичен е проблемот и со работната сила. Според германскиот амбасадор во земјава , трендот на иселување ќе продолжи . Она што ги брка работниците покрај ниските плати е лошата состојба во здравството и во образованието како и огромното загадување

Треба да се запрашаме зошто тие луѓе си одат . Доколку имаме некоја покомплицирана болест, овде околностите не се баш така како што посакуваме, од друга страна германските инвеститори велат ова е проблем што може да го решиме, нудат приватно здравство осигурување. Типичен зимски ден е тешко да се дише овде во Скопје, ова се најважните фактори поради кои си заминуваат во странство, рече амбасадор Ото Граф.

Покрај тоа што треба да се работи на спроведување на реформи, треба и да се зголемуваат платите, просечната плата да расте во согласност со продуктивноста и да се доближува до просекот во Европската унија укажа Граф. Сепак и во вакви услови 80% од присутните компании повторно би инвестирале во државава. Нивнте планоцви се да ги прошируваат капацитетите и да иотвораат нови работни места. Инаку,  германските фирми во Македонија вработуваат повеќе од 20.000 работници. Германија е главен трговски партнер на Македонија со која имаме суфицит во размената која лани 4,8 милијарди евра .  

Кристина Алексиеска