Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Економија

520 милиони евра е буџетската дупка, министерката Димитриеска-Kочоска го претстави ребалансот на буџетот

Недомаќинско и криминално работење со државните пари. Буџетска дупка од дури 520…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недомаќинско и криминално работење со државните пари. Буџетска дупка од дури 520 милиони евра само годинава.

Министерката за финансии обелодени сериозни и загрижувачки податоци за јавните финансии.

Средства кои требало законски да се испланираат не биле испланирани, не биле исплатени ни доспеаните обврски кон граѓаните и фирмите, а минатата власт не обезбедила ни пари за исплата од мерката „ Мој ДДВ“.

Реклама

10 милиони евра се само за загубени спорови во Стразбур. Дополнително, власта на СДСМ и ДУИ не предвидела доволно пари за МТВ, за исплата на мерката за студентски оброк, за одредени локални проекти, немало пари дури ни за исплата на кирии на амбасади и конзуларни претставнишва. Она што е најстрашно е маневарот со исплатата за надоместоци за пензии, дел од парите за надоместоци за пензии наместо во декмеври се исплаќале во јануари за државата вештачки да прикаже помал дефицит.

„Лошата состојба на буџетот ги надмина и нашите очекувања. Затекнуваме состојба која значи држава во хаос и долгови. Буџет кој е список на желби наместо планиран развој, економијата е во клиничка смрт. Повеќе од 32 милијарди денари фалеа во буџетот, имаме многу доспеани обврски и не се пријавувани. Понатаму надлежноста е на другите институции“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Премиерот вчера посочи дека минатата власт потфрлила и со исплата на плати и во јавни претпријатија, милијарди и милијарди денари останале непокриени.

Во „Национални шуми“ каде вработените немале земено плата четири месеци, недостигаат од 250 до 300 милиони денари, за „Водовод“ од 60 до 100 милиони денари, а недостигаат и три милијарди и 700 илјади денари за земјоделците. Милијарда и 200 илјади денари треба да се платат и по основ на казни поради тоа што некои од министрите ги прераспределувале вработените во институциите надвор од законот.

Според изнесените податоци од финансии, јавните претпријатија се задолжени во рок од 30 дена да достават извештај од внатрешна ревизија до Владата, а се очекува да постапи и јавното обвинителство

Недомаќински се планирале исплати и за капителните инвестиции кои на терен се уште не се ни гледаат.

„Бехтел и Енка“ годинава нема да добијат дополнителни 250 милиони евра за коридор 8. Владата го укина заклучокот на кој параф ставил Талат Џафери како технички премиер само десет дена пред крајот на неговиот мандат. Со него турско – американскиот конзорциум пред време требаше добие четврт милијарда евра.

Спроед програмата која е усвоена за изградба на коридорите овие пари требаше да се трошат за капитални индиректни трошоци, меѓудругото за специјалисти за надгледување на проектот,како и за градежни активности за изградба на траса за делницата Гостивар – Букојчани.

https://www.youtube.com/watch?v=LRs9velxfPg