Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

50 барања за обештетување по поплавите во Чешиново-Облешево

Околу педесет барања за обештетување од неодамнешната поплава во неколку села во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу педесет барања за обештетување од неодамнешната поплава во неколку села во Чешиново-Облешево, се  доставени до Локалната самоуправа. Најголем дел од пријавените штети се за поплавени земјоделски површини, неожнеан ориз, подруми, бунарски системи. Од денеска општинската комисија за проценка на штети, излегува на терен за да изврши увид, по што извештајот ќе биде доставен до надлежните институции и министерства.

   „Ние имаме формирано комисија за проценка на штети и нејзината задача е да го подготви списокот со штети кои подоцна ќе биде доставен до соодветните институции  и министерства. Очекуваме дека ќе излезат со нивна проценка во однос на тоа колку ќе ги обештат луѓето„ изјави Јорданчо Костадинов, градоначалникот на Чешиново-Облешево

Надојдената вода направи штета и на патната инфраструктура. Поткопани се темели на два помали моста за кои ќе се бара итна санација. Критично беше во Облешево, Спанчево, Чифлик и Чешиново, каде освен поплавени дворови, уништени  се и големи количини на ориз.

Реклама

 „Навистина беше лошо, двроровите ни беа како езеро. Голем дел од нивите со ориз, од другата страна на пругата не можат да се ожнеат„ велат жителите на Чешиново-Облешево.

Земјоделците посочуваат дека покрај обилните врнежи од дожд, причина за поплавата се и неисчистените канали, затоа што  ова не е првпат нивните села да бидат поплавени.