Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Прилози

5 Декември – Светски ден на волонтерството

Поддршка на луѓето со попреченост, бездомниците, лицата од третата доба, старите и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поддршка на луѓето со попреченост, бездомниците, лицата од третата доба, старите и изнемоштени лица, пакување и дистирубуција на хуманитарна помош, активности од областа на првата помош и крводарителството. Волонтерите од Црвениот крст заедно со поддршка од пратениците денеска излегоа на терен со полни раце работа на одбележувањето на 5 Декември – Светскиот ден на волонтерството.

„Волонтеризмот е вредност и капитал на секое општество, па и на нашето, и денеска благодарение на нив придонесовме на неколку граѓани во еден момент да им го подорбиме тековното дневно живеење. Беа вклучени околу 20-тина пратеници, толку и побараме затоа што капацитетите на просториите каде што се волонтираше тоа го побараа. Интересот беше на потребното ниво и сметам дека денеска заедно упативме силна порака до сите тие луѓе кои се уште не го направиле својот чекор во смисла на волонтирањето, да го направат“ вели Саит Саити, генерален секретар на Црвен крст Македонија

Законот за волонтерство е застарен и е потребно негово усогласување со актуелните општествени потреби, истакна претседателот на Собранието Африм Гаши. Тој потенцираше дека ваквите акции ја доближуваат институцијата до граѓаните.

Реклама

„Заедно со пратеници од сите плитички партии, сите кои сакаа да учествуваат бевме поделени во неколку групи, и ние како пратеници бевме вклучени активно во волонтирањето и бевме дел од таа армија на волонтери во државата која е над 5.000“ вели Африм Гаши, претседател на Собрание

Во Малиот свечен салон во Парламентот беа доделени благодарници на сите волонтери вклучени во помошта и поддршката на настраданото население во Кочани. Црвениот крст годинава го одбележува 80-годишниот јубилеј, како организација со свои канцеларии и пунктови делува преку 33 општински организации низ државата.

Давид Крстевски