Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Економија

Државава во се потешка криза, а надлежните со очекувања и допрва со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државава во се потешка криза, а надлежните со очекувања и допрва со интервентни мерки.   Надежите дека ќе се стабилизира состојбата со набавка на житни култури и масло за јадење Владата ги поткрепува со очекувањето дека Србија конечно ќе ја тргне рампата за Македонија. Но  што доколку тоа не се случи – одговор нема. Ресорниот министер уверува дека храна ќе има   , и  уште еднаш ги повтори интервентните мерки кои допрва ќе се спроведуваат на терен . Земјоделците очекуваат дека  производството на сончоглед ќе се зголеми за 20 отсто, но дали ќе имаме масло до следната жетва, Министерството не водело евиденција.

Реклама

Ние не водиме евиденција колку има. Ние сме задолжени за делот на произвдоството на земјоделски производи. Сето тоа е насочено кон произовдсто на храна дома. Треба да престанат лажните вести и да престане било кое неодговорно однесување. Сега е ред на земјоделците ги имаат сите услови. Паника не треба да има затоа што државата се грижи. Леб, јајца, масло за јадење ќе има и верувам во тоа ако сите договорно се однесуваме . Очекуваме Србија да ја крене рампата, вели Љупчо Николовски министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 Николовски најави, дека оваа недела ќе биде објавен повикот за користење на  6.000 хектари државно земјоделско земјиште за производство на житни култури.

Експертите велат, дека државата мора посериозно да интервенира за да се замени сегашниот увоз со домашно производство, бидејќи 2022 година ќе биде критична, а маслото за јадење и во иднина ќе биде скапо.

Во овој момент  на краток рок немаме некои си поголеми простор за посериозна интервенција освен нормализирање на увозот од Стбија, а за некој среден и подолг рок ќе треба да се направат посериозни анализи да се изработи стратегија за снабдување со храна со основните земјоделско прехранбени производи и да се изработи програма за функционирање на системот во услови на криза.  Она што го гледаме во моделите во светските центри е дека критична ќе биде 2022 во однос на порастот на цените, меѓутоа се очекува да се намали тој удар на ценовниот шок, но тешко дека кај маслото ќе се врати пред оваа криза , очекуваме некоја цена на половината, истакна професорот на Факултетот за земјоделски науки и храна Драги Димитриевски.

Мојата препорака би била да се произведува што е можно повеќе  за обезбедување на количина на храна . Да се инвестира во капацитети за производство, тоа се трудиме ние да го направиме, вели Амбасадорот на Р. Словачка во земјава Хенрик Маркуш

Според проекциите, до крајот на годинава се очекува Интервентниот фонд да достигне 600 милиони денари, вклучувајќи ги и мерките за претстојната есенска седиба. Како што рече Николовски, истиот ќе бил надополнуван цело време со нови мерки и политики.

Кристина Алексиеска