Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

400 македонски државјани бараат евакуација додека тензиите на Блискиот Исток се зголемуваат, летовите се откажуваат

Нов ден – нови случувања на Блискиот Исток. И денеска одекнуваат експлозии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов ден – нови случувања на Блискиот Исток. И денеска одекнуваат експлозии во Доха, Кувајт, Дубаи и Абу Даби…Тензиите ја зголемуваат загриженоста кај граѓаните, но македонските државјани кои живеат и работат во регионот велат – засега нема простор за паника. Ангела Николовска, која живее во центарот на Доха, вели дека граѓаните внимателно ги следат инструкциите од надлежните институции.

Слична е сликата и во Дубаи, во Обединети Арапски Емирати, каде живее бројна македонска заедница. И таму, според нашите информации, безбедносните служби се во зголемена готовност, но секојдневието функционира без прекини..

Во меѓувреме, 400 македонски државјани од загрозените жаришта, покажале интерес за евакуација,од нив 30 за напуштање на земјата во првата прилика – информираат од македонското МНР. Во моментов нема услови за евакуација на државјаните кои се наоѓаат во Обединети Арапски Емирати и Катар.

Реклама

“Со сите пријавени лица се одржува редовна и континуирана комуникација, при што се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, во зависност од развојот на состојбата.

Паралелно, дипломатско-конзуларните претставништва ги преземаат сите неопходни мерки за подготовка и безбедна реализација на евакуацијата на граѓаните кои изразиле подготвеност за тоа”  – велат од МНР.

Веќе трет ден по ред е затворен најпрометниот меѓународен аеродром во Дубаи, поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Според најновите податоци, откажани се 1.239 летови, а илјадници патници се заглавени или ги менуваат своите патувања.

Три од најголемите авиокомпании во регионот – Emirates со седиште во Дубаи, Etihad Airways од Абу Даби и Qatar Airways од Доха – заедно откажаа стотици летови..

И Визер суспендираше повеќе летови од и кон Блискиот Исток.Од компанијата соопштија дека сите летови до и од Израел, Дубаи, Абу Даби и Саудиска Арабија се суспендирани заклучно со 7 март.

Експертите предупредуваат дека оваа состојба може да предизвика сериозни глобални последици – од доцнење на карго-пратки и прекин на синџирите на снабдување, до нов раст на цените на авионските билети.

Ања Лукарова