Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

40-годишен кочанчанец почина од корона вирусот

Нова жртва на корона вирусот – утрово на Инфективната клиника во Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова жртва на корона вирусот – утрово на Инфективната клиника во Скопје починал 40 годишниот кочанчанец кој беше прв регистриран случај во градот. Информацијата за Алфа ја потврди градоначалникот и претседател на општинскиот кризен штаб на Кочани, Николчо Илијев. Илијев вели оти рано утринава добил повик од близок член на семејството на починатиот кој му ја соопштил лошата вест.

Семејството на починатиот е во изолација, па тие не се во можност да го организираат погребот на кочанчанецот. Помош за ова побарале од општинските служби.

Починатиот маж од Кочани е татко на три малолетни деца. Иако се уште нема официјална информација како 40 годишниот кочанчанец се заразил со вирусот, неофицијално во кочанската чаршија се зборува дека тој бил занаетчија, а инфекцијата ја добил од клиентка која ги користела неговите услуги.

Реклама

Сега починатиот пациент  е првиот случај на заболен од Ковид 19 во Кoчани. Во неговиот кластер се регистрирани уште десет заболени. Откако испаднал позитивен на корона, тој прво бил хоспитализирано на штипска инфектологија, но поради влошување на состојбата пред три дена бил пренесен на  Инфективната клиника во Скопје каде бил приклучен на респираторна машина.

Од Општина Кочани информираат дека останатите членови на неговото семејство засега имаат стабилна клиничка слика со лесни симптоми на болеста.