Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Помалку чекање, повеќе места за најмалите. Градежниот бум  низ државава не опфаќа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Помалку чекање, повеќе места за најмалите. Градежниот бум  низ државава не опфаќа само патишта, мостови, железница. Со изградбата на нови градинки, надлежните очекуваат намалување на листите за чекање и можност повеќе деца да добијат можност за згрижување, особено во Скопје и скопските општини. Целта на Владата е не само да се градат нови, туку да се модернизираат и постојните градинки.

Остануваат во 2026 и 2027 да отвориме вкупно 37 вакви објекти, каде што ќе задоволиме капацитет на повеќе од 3800 дечиња, а тоа значи дека листите на чекање кои што денеска ги имаме, околу 4000 такви дечиња, ќе биде буквално сведен на нула. 15 од овие 37 ќе бидат отворени до крајот на 2026 година. -изјави Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади.

Една од општините каде во тек се активности за модернизација на капацитетите е и скопската општина Илинден. Таму денеска беше пуштен во употреба целосно нов објект во кој ќе се приготвува храна не само за локалната градинка, туку и за основните училишта.

Реклама

Oвој нов објект, централна кујна, е во квадратура од 300 квадрати и ќе има капацитет за 800 оброци на ден, односно ќе ги задоволува потребите на сите дечиња што ги има во градинките, но воедно ќе ги задоволува и потребите на дечињата кои што се наоѓаат во целодневен престој во основните училишта. -кажа Александар Георгиевски, градоначалник на Општина Илинден.

Парлалено, во Илинден се реализираат и повеќе други инфраструктурни проекти. Надлежните направија увид и во целосната реконструкција на една од главните улици во општината- која не опфаќа само нов асфалт туку и замена на подземната инфраструктура- водоводната и канализациската мрежа.