Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

34 години Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

На денешниот настан по повод 34 години од формирањето на УМС на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот настан по повод 34 години од формирањето на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, имаше обраќање претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов како и премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов истакна дека Унијата на млади сили е најуспешна и најголема организација поради фактот што се залага за иднината на младите во државата, ги зема во предвид ставовите, идеите и целите на младите луѓе и се насочува кон подобрување на нивните  услови за живот во сите сфери од општественото живеење, затоа што младите се иднината на Република Македонија.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека кога зборува за приказната наречена УМС на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека на Унијата на млади сили денеска се потпира функционирањето на државата, затоа што голем е бројот на луѓе кои што денеска предводат големи општини кои го поминале својот пат во Унијата на млади сили, се градоначалници, претседавачи на Совети, се директори на јавни претпријатија, пратеници како и министри во Владата која што својата младост ја поминале како дел од унијата.