34 години подоцна, Македонија можеби не е онаму каде што сакаме и не е онаква каква што посакуваме да биде. Добро е што оптимизмот не попушта, но реално, треба многу работа за да се поправат последиците од штетите направени во речиси сите области.
Граѓаните се свесни за проблемите, но сепак остануваат оптимисти дека, ако се сака, сè е можно.

