Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Македонија

309 кандидати за градоначалници и над 10 илјади за советници – ДИК подготвена, Кондарко со повик за коректна кампања

Во интерес на сите  изборите да поминат во најдобра демократска атмосфера. ДИК…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во интерес на сите  изборите да поминат во најдобра демократска атмосфера. ДИК е подготвена за реалзиирција и спроведување на овие избори – вели првиот човек на највискиото изборно тело, Борис Кондарко. Дваесетдневната изборна кампања за Локалните избори кои ќе се одржат на 19 октомври ќе трае до 17 октомври на полноќ. На изборите, ќе учествуаат 309 кандидати за градоначалници, додека бројот на потврдени листи за советници е 576.

„Бројот на партии кои учествуваат на овие избори е 22 партии, за споредба со 2021 година кога биле 27 партии. Сега имаме нешто повеќе коалиции 19 на број. Во 2021 година сме имале седум на број коалиции. Тоа се должи на фактот што поголемите политички партии СДСМ има четири различни коалиции кои настапуваат како четири различни субјекти во зависност на бројот на партии, видот на партии внатре во коалицијата се како посебни субјекти, во различни општини, додека ВМРО – ДПМНЕ има 11 посебни коалиции, рече претседателот на ДИК.

Право на глас на локалните избори имаат 1 832 415 гласачи од кои 1 717 803 во земјата додека останатите 112 илјади се запишани во посебниот избирачки список со лица кои се одјавиле и се на привремена работа и престој во странство. На овие избори нема гласање на дијаспората, ако некој кој е во странство  сака да гласа ќе мора да се врати во Македонија и да гласа во општината во која живее. Граѓаните што се надвор од државата повеќе од една година немаат право на глас. .  Гласањето и на овие избори останува исто со отпечаток од прст.

Реклама

„Без разлика што има две во општините гласачки ливчиња, односно во Градот Скопје четири, Избирачкиот список на секое гласачко место е еден, и граѓаните ќе се идентификуваат еднаш со оставање на еден отпечаток од прстот во фингер принтот и со еден потпис во Избирачкиот список. Значи нема двојно идентификување или четири пати во Градот Скопје. Тие ќе добијат две, односно 4 гласачки ливчиња, но идентификацијата и потпишувањето е еднаш односно во еден избирачки список. Значи начинот на гласање останува ист.“, појаснува Кондарко.

Овие локални избори се осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.

Вкупниот буџет за одржување на локалните избори Е 9 милиони 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање.