Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

30 дневен притвор им е определен на 24 лица од 27 осомничени, тројца се во болница

Поранешен министер, тројца градоначалници на Кочани, директори, управители на кочанската дискотека.. сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешен министер, тројца градоначалници на Кочани, директори, управители на кочанската дискотека.. сите одат зад решетки 30 дена. Кочанскиот суд го притфати предлогот на обвинителството. По долгите сослушувања, доцна во ноќта последни од судот со лисици на рацете беа спроведени тројцата понеранешни први луѓе на градот.

Според Обвинителството, сите осомничени во периодот од 2012 година до кобниот 16 март, заеднички но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности, воопшто не постапиле според прописите и мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот на луѓето.

Осомничените тројца градоначалници и осомничениот поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување не постапувале согласно закон, и дозволиле кабарето Пулс незаконски да работи без да ги усполнува условите. За целиот тој период општината примала уплати по основ на надоместок за угостителски објект.

Реклама

Трoјца осомничени се одговорни лица во фирмата на која се водела таканаречената дискотека. Објектот со намена за лесна индустрија кој се наоѓал во индустриска зона воопшто не ги исполнувал условите да биде пренаменет во угостителски објект – кабаре но континуирано си добивале лиценца.

Постои основано сомнение дека првоосомничениот за периодот од 13.02.2024 година до 13.02.2025 година директно на осомничено службено лице вработено во Министерството за економија, му дал паричен износ за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши и на тој начин, без притоа да биде спроведена законски пропишаната постапка, обезбедил фалсификувана службена исправа – лиценца за вршење на угостителска дејност. Поради тоа против вработениот во Министерството за економија е поведена постапка и за примање поткуп, информираа од Обвинителството.

Меѓу осомничените е и проектантка, која изготвила проект како услов за отпочнување со работа и вршење на угостителска дејност – кабаре, иако знаела дека не постоеле законски услови објектот да биде пренаменет во таа категорија.

Од Министерството за економија до овој момент осомничени се поранешен министер, но и поранешен државен секретар, раководител на сектор, раководител на одделение и помлад соработник, кои и во моментов работат во Министерството но на други раководни позиции

Двајца поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат и три службени лица инспектори, иако биле должни да вршат инспекциски надзор, не ги извршиле своите службени должности и  последните пет години ниту еден наврат не извршиле контрола, информираше републичкиот обвинител.

Меѓу осомничените се и газдата на агенцијата за обезбедување и членови на обезбедувањето кои дозволиле влез на малолетни лица внес на пиротехнички средства, како и член на групата ДНК кој ја донел пиротехниката. Обезбедувањето, како што посочија од Обвинителството, не направило безбедносна проценка и не ги провериле условите за противпожарна заштита.

За пожарот во кој загинаа 59 лица, осомничени се вкупно 34 лица. За седум од нив, кои се полициски службеници, се води посебен предмет во ОЈО ГОКК. Притвор беше побаран за вкупно 31 лице, и за сите беше прифатен. Тројца осомничени се сеуште хоспитализирани.