Љубов, разбирање и инклузија во општеството. Тоа е она што го бараат лицата со Даунов синдром кои по ништо не се поразлични од другите. Местата за социјализација се само еден од многуте проблеми кои со години наназад ги мачат овие деца и нивните родители. Немаат специјализирани објекти каде да се дружат, да поразговараат меѓу себе. Ниту центрите за згрижување не се нешто со кое можеме да се пофалиме како држава – вели Сузана Бошковска мајка на дете со Даунов синдром. Според неа, градинките и училиштата, не се доволно подготвени да ги прифатат овие деца. Недостига кадар, разбирање и системска поддршка…таа вели дека пречките не се само институционални – туку и општествени.
И Сузана Стојановска која е мајка на дете со Даунов синдром, вели дека промената, мора да почне од сите – и од институциите, но и од родителите на другите деца. Инклузијата не е избор, туку потреба.
Денешниот настан посветен на светскитот ден на Даунов синдром беше подджан од здружението „Проект среќа“.

Дауновиот синдром се јавува кај приближно едно од 650–700 новороденчиња во светот, а Македонија го следи овој тренд. Иако нема точни официјални податоци, се проценува дека во земјата живеат околу 800 до 1.000 лица со оваа состојба. Секоја година се раѓаат меѓу 20 и 30 деца со Даунов синдром.
