Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

200 хектари шума изгореа вчерашните пожари во Кочанско

Над 200хектари  пеплосаа двата пожари кои вчера во попладневните часови го зафатија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 200хектари  пеплосаа двата пожари кои вчера во попладневните часови го зафатија кочанскиот регион.  Огнот зафати нискостеблеста и борова шума. Според причните информации пожарот кон Гратче се смета дека е подметнат, а пожарот на потегот меѓу селата Тркање и Бели настанал по пагање на жица од далековод, иако првичните претпоставки беа дека е предизвикан од гром.  Во изминатите 24часа во кочанско се регистрирани три пожари. ПОради немањето на доволно луѓе во борбата со огнената стихија се вклучија и екипи од Штип и Виница. Во целата несреќа и среќа е велат пожарникарите што  еден од пожарите беше помал, па лесно е локализиран, инаку ќе немаше кој да го гаси..

   „Тоа е еден од поголемите проблеми. Ако во исто време се случат два или три пожари веднаш се јавува недостаток од луѓе и возила. Екипите се распоредеат на две-три локации и толкав ни е капацитетот. Ветрот ни е непредвидлив фактор и не знаеме на која страна може да предизвика огромни штети„-изјави Благој Паунов, командир на ППЕ-КОчани.

Зачестените пожари на виделина ги изнесоа системските проблеми со недостатокот од кадар и старите дотраени возила. Според закон  во кочанската единица треба да има 31, а во моментот се  само 17 пожарникари. Од Општина КОчани велат дека прават напори за пет нови вработување . Барање е испратено, но се уште нема одговор. Доколку министерството за финансии не одобри, општината е подготвена платите на нововработените да ги обезбеди од сопствен буџет. Истовремено се размислува и за ангажирање на доброволци.

Реклама

  „Ние треба да размислуваме за воведување на доброволни противпожарни друштва , односно лица кои ќе ги обучуваме. Во вакви случауи ќе ни бидат достапни, а за возврат ќе земат финансиска надокнада. Размислуваме бројката на доброволци да достигне околу педесет„-изјави Николчо Илијев, градоначалникот на Кочани

Со ваков проблем се соочуваат и другите противпожарни единици. Анализите направени минатата година покажуваат дека во државата имаме над 500пожарникари помалку од законскиот минимум, а огнените стихии ги гасат со  возила  стари и над триесет години. 

Александра Ристевска